Насловна / Вести / „Комунална хигиена“ доби 13 специјални возила

„Комунална хигиена“ доби 13 специјални возила

komunalna higiena so novi vozila

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ доби 13 специјални возила кои треба да помогнат за подобра услуга кон граѓаните и за полесно функционирање. Вкупната инвестиција изнесува околу 55 милиони денари. Сега ова претпријатие има повеќе од 70 нови работни возила.
„Во 2009 година ЈП „Комунална хигиена“ го затекнавме со шест стари возила, а сега ова претпријатие има повеќе од 70 нови“, изјави градоначалникот Коце Трајановски.
„Комунална хигиена“ ќе користи пет типа нови возила, како две специјални комунални возила – цистерни за машинско и рачно миење на јавните површини, со капацитет на цистерната од седум кубни метри. Има и три специјални комунални возила за транспорт на садови за отпад – контејнери од 1,1 кубен метар.
Меѓу новите возила се две специјални мултинаменски комбинирани возила со придружна опрема – опрема за чистење снег, опрема за расфрлање сол, приклучок ровокопач, како и приклучок грејдер за рамнење.
Исто така, има две специјални возила рол-кипери, наменети за подигање и транспорт на прес-контејнери. Четири возила за празнење контејнери се со зафатнина од 1,1 кубен метар, наменети за подигање на отпадот од тесните улички.

Испрати коментар

Scroll To Top