Насловна / Вести / „Композиција 3“ на Мондријан продадена за 50,6 милиони долари

„Композиција 3“ на Мондријан продадена за 50,6 милиони долари

mondrijan aukcija (2)

Сликата на Пит Мондријан, „Композиција 3“, е продадена на аукција во Њујорк за 50,6 милиони долари, што претставува нов рекорд за овој холандски уметник.

Сликата „Композиција 3“, со препознатливата за Мондријан геометриска комбинација во црвена, бела, жолта и црна боја, е создадена во 1929 година.

Сликата се продаде за двојно повисока сума од проценетата на аукцијата во „Кристи“. Мондријановиот претходен рекорд беше 27,6 милиони долари.mondrijan aukcija

Пит Мондријан е творецот на апстрактната уметност што го промени светот. Неговиот уметнички опис се состои од примена на основните форми и бои.mondrijan

Користел правоаголници и квадрати на рамни површини и применувал силни примарни бои, кои ги комбинирал најчесто со црни строги линии и бела површина.

Испрати коментар

Scroll To Top