Насловна / Вести / Комплетно уредување на паркот во Капиштец

Комплетно уредување на паркот во Капиштец

1_Novo zelenilo - Kapistec (3)

Во тек е комплетно уредување на паркот во Капиштец, кој ќе се простира на 20.000 метри квадратни, во средишен простор помеѓу 12 згради.  Oд нив, 12.450 метри квадратни ќе бидат зелена површина.

Се градат две детски игралишта и едно кошаркарско игралиште со соодветна подлога за таков тип на спорт, две групации на подни прскалки, се поставува нова урбана опрема (клупи, корпи, паркиралишта за велосипеди) со уникатен изглед, по кој паркот ќе биде препознатлив. На детските игралишта  ќе се стави подлога од гумени плочи со дебелина од пет сантиметри. Се отстранува песокот  на детските игралишта, кој е нехигиенски, привлекува животни, се растура, тешко се чисти од листови, а во некоја рака е и опасен за децата, речиси исто колку и бетонската подлога.

Металната ограда е заменета со уникатна ограда од ламелирани дрвени греди, а ќе има два типа осветлување: амбиентално и високо осветлување со канделабри.

Паркот повеќе години беше запуштен. Дрвјата беа високо израснати, така што во борба за светлина голем број од дрвјата се искривени,  делумно деградирани или потполно исушени.

1_Novo zelenilo - Kapistec (11)

За таа цел беше потребна санитарна сеча на исушените високи растенија што изгледаа запуштено и претставуваат опасност од паѓање при појак ветер. Отстранети се стари и деградирани јаболкови дрвја, оревите кои ја поклопуваа декоративната вегетација, извадени се корења од сите исечени дрвја кои беа пречка за слободно трчање на децата

Општина Центар ќе засади 60 различни видови садници, 18 нови зимзелени дрвја,  6 цветни листопадни, 6 високи грмушки, 582 цветни листопадни и зимзелени грмушки кои цветаат во различни делови од годината, 104 листопадни грмушки, 430 зимзелени грмушки, 184 покривачи, 4010 перени, 20 парчиња високи украсни треви, 870 ниски украсни треви и 1.450 парчиња локовици и тоа лалиња, нарциси и мускари

Извршено е кроење на сите гранки до висина на стеблото од четири метри.

Со ваквиот концепт на уредување, паркот добива свеж и уреден лик, со задржување на речиси сето постоечко зеленило.

Општина Центар го исчисти  целиот шут околу зградите, сменет е горниот слој на земјата со нов хумусен дел.

Испрати коментар

Scroll To Top