Насловна / Вести / Комплетно модернизирана хидроелектраната „Вруток“

Комплетно модернизирана хидроелектраната „Вруток“

vrutok_1

Со пригодна свеченост генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Дејан Бошковски и министерот за економија, Беќир Незири, официјално во употреба ја пуштија модернизираната хидроелектрана „Вруток“. Со ова и формално беше означен крајот на еден од најсложените енергетски зафати некогаш изведени во Македонија – реализација на втората фаза од ревитализацијата на хидроелектраните во сопственост на АД „Електрани на Македонија“.
„Проектот вреден 36,6 милиони евра почна да се реализира во февруари мината година и ќе обезбеди продолжување на животниот век на нашите големи хидроелектрани и нивните придружни градежни објекти, како и зголемување на нивната сигурност и доверливост“, истакна директорот Бошковски.
За 18 месеци беа целосно ревитализирани четирите агрегати, со што инсталираната моќност се зголеми од 37,5 мегавати на 41,4 мегавати, односно по 4 мегавати за секој агрегат.

vrutok_2
Со ревитализацијата придобивките се големи. Генераторите во ХЕ „Вруток“ имаат зголемена инсталирана моќност од 150 мегавати на 166 мегавати со речиси иста потрошувачка на вода по агрегат, зголемена е нивната ефикасност, доверливост на системот, и продолжување на работниот век за наредните три децении.
Инаку, од хидропотенцијалот во Македонија досега се изградени хидроелектрани со вкупна инсталирана моќност од 580 мегавати и со просечно производство од околу 1.500 гигават/часови (GW/h) што претставува 27% од расположивиот потенцијал. Планирано е искористување на дополнителни хидроелектрани со производство од околу 2.500 GW/h со што вкупното производство би изнесувало 4.000 GW/h или 73% од расположивиот технички потенцијал. И покрај одредени административни проблеми како и проблеми со нејасната хидрологија на локациите, реално се очекува изградба на вкупно 80 мегатави електрична енергија од хидроелектрани со производство од 210 гигават/часови годишно до 2020 година, односно од 420 гигавати до 2030 година”, пишува во енергетската стратегија на Македонија, изработена од МАНУ.
Исто така, АД ЕЛЕМ веќе има потпишано договор за заем од ЕБОР во износ од 65 милиони евра за изградба на ХЕ Бошков мост. Покрај тоа, предвидено е ЕЛЕМ да вложи и сопствени средства во износ до 42 милиони евра. Луково Поле треба да обезбеди собирање на дополнителни количини вода од шарскиот и од корапскиот басен и нивно користење за производство на дополнителни 156 GWh електрична енергија од постојните електрани во мавровскиот систем.

Испрати коментар

Scroll To Top