Насловна / Вести / Компанијата Airbnb прогласена за најдобро место за работа во светот

Компанијата Airbnb прогласена за најдобро место за работа во светот

Компанијата Airbnb која минатата година не била на листата на Glassdoor, оваа година го симна и Google од престолот.kompanija najdobri uslovi za rabota

Најпознатата компанија во светот која се занимава со хотелско сместување и со изнајмување на станови, Airbnb, прогласена е за најдобро место за работа, според компанијата за вработување Glassdoor.

Интересно е тоа што минатата година, Airbnb не била дури и на списокот за евентуални кандидати, а оваа година од престолот ја собори и компанијата Google, која заврши на 8-то место.kompanija najdobri uslovi za rabota (4)

Листата на Glassdoor за Северна Америка и дел од Европа е рангирана според изјавите на вработените, бидејќи кој знае подобро за условите и местото на работа, ако не самите вработени.kompanija najdobri uslovi za rabota (5)

Компанијата Airbnb е основана во 2008 година, и денес можеме да кажеме дека токму Airbnb ја измени хотелската индустрија во целост, а нивните остварени приходи на годишно ниво се мерат со стотици милиони долари.kompanija najdobri uslovi za rabota (3)

Купоните за патување на нивните вработени се само едни од посебностите, па не е чудно што вработените високо ја рангираат својата компанија. Компанијата што ги цени своите луѓе и вредноста на различните култури може да биде пример за сите.

kompanija najdobri uslovi za rabota (2)

Испрати коментар

Scroll To Top