Насловна / Вести / Комората и ИЗИИС седнаа на заедничка маса

Комората и ИЗИИС седнаа на заедничка маса

KIR_4564
Денес на Градежниот факултет се одржа Тркалезна маса на која се расправаше на темата –  „Размена на искуства по однос на мислењето за проектираниот и   изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита“. Оваа долгоочекувана расправа е плод на различните приоди и гледања околу тоа, кој и како може да дава одобренија-мислења за објектите.

Расправата ја отвори деканот на Градежниот факултет Милорад Јовановски, а свои презентации имаа претставници од ИЗИИС, претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, Блашко Димитров, професорот на Градежниот факултет Горан Марковски и претставници на Градежната Комора при Сојузот на стопански комори.

KIR_4575
На расправата повторно на виделина излегоа спротивставените ставови на учесниците во неа. Од тоа дека не може само една институција да дава мислење, дека треба да се прави редовна ревизија на објектите и тоа од страна на ревидент со големо работно искуство во една област, па се до ставоит на ИЗИИС дека дополнителното одобрение кое треба да се добие за секој објект што се гради ќе одземе само неколку дена, а цената за тоа која треба да се плати е прифатлива, што пак носи бенефит за стабилноста на објектот и за сигурноста на луѓето.

Од расправата произлегоа повеќе ставови, мислења и заклучоци, кои заедно со дополнителни забелешки ќе треба да се достават до КОАОИ и во текот на еден месец да се утврдат и да бидат презентирани.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top