Насловна / Архитектура / Колористична и модерна архитектура во Истанбул

Колористична и модерна архитектура во Истанбул

Архитектот Yener Torun со својот објектив ја документира алтернативната страна на историскиот град Истанбул во Турција. Тој преку своите фотографии прикажува модерна архитектура, објекти со смели форми, живописни нијанси и „ткаени“ фасади во современ дизајн.

турција-1 турција-2 турција-3

На овој начин се обидува да прикаже една поинаква страна на Истанбул и останатите турски градови, односно да отстапи од ориенталната перцепција на нив и да открие дека Турција може да понуди многу повеќе од џамиите и старите улици.

турција-4 турција-5 турција-6

Архитектот, кој живее во Истанбул 14 години, е фасциниран од колористичната и модерна архитектура поставена покрај историските и раскошни објекти од минатото. Сето ова го прави градот истовремено и егзотичен и модерен, град на контрасти.

турција-7 турција-8 турција-9 турција-10

На неговите фотографии освен објекти може да се забележат архитектнски елементи, бои, форми, сенки и често го вметнува човекот како елемент во своите фотографии со цел да создаде приказна со самата фотографија.

турција-11 турција-12 турција-13 турција-14 турција-15 турција-16 турција-19 турција-20 турција-21 турција-22 турција-23

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top