Насловна / Арт и дизајн / Колажи и цртежи на Владимир Лукаш во „Пабло“

Колажи и цртежи на Владимир Лукаш во „Пабло“

Изложба на цртежи и колажи од уметникот Владимир Лукаш ќе биде отворена во четврток во скопскиот кафе-бар „Пабло“, од 20 часот. Се работи за повеќе од четириесет сликовни приказни од циклусот „Белешки. Патеписи. Планови“, но и други ликовни дела кои досега биле изложени пред публика. Токму овие дела ќе се обединат во една приказна. Фиктивни светови, можни случувања, разголени ликови, сеќавања, желби, хумор и критика е тоа што е запишано во сликите на Лукаш.

– Сакам кога во моите слики има извесна доза на перверзија, сакам зачинети меѓучовечки односи. Понекогаш ме ограничуваат работите што ги презирам, како зацртаните вредности и на нив сличните нешта. Да си искрен значи да си соголен, а да си соголен во нашиов мил свет е исто како да си распнат среде улица, – вели тој.

Владимир Лукаш има реализирано неколку самостојни и повеќе групни изложби и е член на перформативната група „Свирачиња“.
mnogu vreva za nishto

Shitler,

Испрати коментар

Scroll To Top