Една од најзначајните промени која се забележува на годинешната листа на најзагадени места во светот е присуството на неколку локации во близина на речни корита и делти, наспроти традиционалните водечки позиции на големите индустриски центри. Ова се должи на присуството на многу мали индустриски капацитети во близина на реките без системи за третирање на отпадните води. Од друга страна пак, благодарение на мерките за спречување на загадувањето некои градови во Кина и Индија се одвоија од ова топ 10 друштво. Значи, оваа година листата изгледа вака:
1.Агбогблоши, Гана. Причина за загадувањето: Депонија за електронски отпад на која диво се спалуваат непотребните компоненти (пластика, гума и сл.)
2. Чернобил, Украина. Причина за загадувањето: Нуклеарната катастрофа пред скоро 30 години.
3. Реката Ситарум, Индонезија. Причина за загадувањето: Над 2000 фабрики долж течението на реката.
4. Дзержинск, Русија. Причина за загадувањето:Хемиската индустрија на некогашниот Советски Сојуз. Во 2011 година го понесе епитетот на хемиски најзагаден град во светот.
5. Хазарибаг, Бангладеш. Причина за загадувањето: Над 200 работлници за штавење кожа кои продуцираат токсичен течен отпад со голема концентрација на шестовалентен хром.
6. Кабве, Замбија. Причина за загадувањето: Градот е домаќин на една од најголемите топилници за олово во Африка.
7. Калимантан, Индонезија. Причина за загадувањето: Загадување со жива, поради нејзината примена во крајно примитивниот начин на експлоатација на златна руда.
8. Реката Матанза, Аргентина. Причина за загадувањето: Тешки метали од околу 15000 мали индустриски капацитети кои ја загадуваат реката.
9. Делтата на Нигер, Нигерија. Причина за загадувањето: Нафтата, 60 години наназад.
10. Норилск, Русија. Причина за загадувањето: Овде е лоцирана најголемата топилница во светот. Како резултат на загадувањето, во радиус од 30 километри не расте ниту едно дрво.
Извор: Scientific American