Почестен со наградата Екселенција во дизајнот во 2008 година, за постигната интеграција на форма, функција и примена на самоодржливост, новиот Центар за посетители на бруклинската Ботаничка градина етаблира визионерска и јавна релација помеѓу градот и градината. Како основна пејзажна карактеристика се потенцира дизајнот на кровната покривка, конципиран како неприметна екстензија на градината, кој ги соединува пејзажот и архитектурата, редефинирајќи ги физичките и филозофските релации помеѓу посетителот и градината, изложбата и движењето, културата и културологијата …