Насловна / Вести / Кои компании најмногу се грижат за животната средина?

Кои компании најмногу се грижат за животната средина?

bmw sediste Minhen

Консултантската компанија за медиуми и инвестиции Corporate Knights, со седиште во Торонто, Канада, неодамна ги објави резултатите од истражувањето што се спроведува секоја година уште од 2005 година, а се однесува на избор на листа на компании кои најмногу придонесуваат за заштита на животната средина и примена на принципите на одржливиот развој (економија, екологија, социјала).

Najodrzlivi kompanii

На 10 февруари е објавена листата за 2016 година на 100 најодржливи корпорации во светот (2016 Global 100 Most Sustainable Corporations in the World index). Најголем број од компаниите на оваа листа доаѓаат од САД, Франција и Канада. На првото место се најде германскиот автомобилски гигант BMW. Данската компанија Novo Nordisk е најдобро рангирана во фармацевтската индустрија односно на 19-то место. Гигантот Apple се наоѓа дури на 84-то место, зад Intel и Nokia од својата бранша. Разбирливо, ниту една компанија од регионот не се најде на оваа листа.

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top