Насловна / Архитектура / Книжарница од дрвени кутии | Jorge Pérez Vale Estudio

Книжарница од дрвени кутии | Jorge Pérez Vale Estudio

Libraria del born (5)
Книжарницата (Llibreria Born) претставува интегрален дел од културен центар сместен во извонредна метална структура од 19 век, која во минатото во Барселона функционирала како јавен маркет. Ентериерот на новата продавница за книги ја инкорпорира поранешната намена на објектот, обидувајќи се да ја одржува сензацијата и идентитетот на стариот маркет.

Интегрираниот мебел е изработен од компанија за пакување и неговиот дизајн се одликува со стандардни солуции на применети дрвени кутии. Поголемиот дел од елементите на ентериерното уредување се мобилни и нивната позиција е флексибилна во зависност од спацијалните потреби. Како креатори на дизајнот на графичките елементи и ознаките низ внатрешноста се издвојуваат графичкото студио Roseta y Oihana. Со цел да го потенцираат целокупниот дизајн концепт, тие примениле чиста линеарна типографија, основни материјали и специфично осветлување за секое катче од книжарницата.Libraria del born (2)
Libraria del born (1)
Libraria del born (3)
Libraria del born (4)
Libraria del born (6)
Libraria del born (7)
Libraria del born (8)
Libraria del born (9)
Libraria del born (10)

Испрати коментар

Scroll To Top