Насловна / Архитектура / Книга фотографии низ објективот на Ле Корбизје

Книга фотографии низ објективот на Ле Корбизје

Познато е дека Ле Корбизје бил славен архитект и урбанист, а исто така и добар сликар, вајар и писател. Овој пат ја претставуваме книгата која открива уште една од неговите уметнички склоности, фотографијата.

корбизје
Издавачката куќа Lars Müller Publishers пред неколку години објави збирка на тајни фотографии на Ле Корбизје со наслов „Ле Корбизје: Таен фотограф“ (LC Foto: Le Corbusier Secret Photographer) која сега доживеа реиздание. Фотографиите од оваа книга настанати се помеѓу 1907. и 1917. година на негововите патувања низ Централна Европа, Грчка, Турција, Италија и она што нам ни е најинтересно, земјите на Балканот.

1балкан

2балкан

фотографии од Балкан

Иако Ле Корбизје со години тврдел дека фотографијата има исклучително мала уметничка вредност, тој на своето патување носел три камери и направил неколлу стотици фотографии, поголемиот дел со висок квалитет. На нив, меѓу останатото, прикажани се и бројни теретни бродови кои инспирирале многу негови теории за модерната архитектура. Некои фотографии се со класични сцени како што е Карловиот мост во Прага или Пантенонот во Рим.

мост

Карлов мост во Прага, 1911. г.

пантеон

Куполата на Пантенонот во Рим, октомври 1911 година

Доколку ве интересира како изгледала европската архитектура од аголот на еден од најголемите архитекти во историјата, новото издание на книгата „Ле Корбизје: Таен фотограф“ ќе ја најдете во понудата на Амазон каде чини 42 долара.

4

Испрати коментар

Scroll To Top