Насловна / Архитектура / Почна изградбата на музејот Гугенхајм во Абу Даби

Почна изградбата на музејот Гугенхајм во Абу Даби

Новиот музеј Гугенхајм на островот Saadiyat во Персискиот Залив, непосредно до Лувр во Абу Даби, е потпишан од кој друг ако не од познатиот Френк Гери, кој исто така го дизајнирал познатиот музејот Гугенхајм во Њујорк, но овој е поголем за околу 12 пати. Скулпторалната зграда изгледа како еден куп на блокови , а најмногу потсетува на музејот Гугенхајм во Билбао, кој исто така е потпишан од страна на познатиот архитект.

Muzej

Гугенхајм музејот во Абу Даби ќе биде опкружен од три страни со вода, така што објектот ќе претставува вештачка брана на северната страна на островот.

Muzej2

Проектот на Музејот на Френк Гери е инспириран од експанзивните индустриски простори, а галериските простори ќе се разликуваат од оние во конвенционалните музеи. Изложбените простори со различни висини, форми и ликови ќе обезбедат флексибилност во организирањето на поставките, кои досега не постојат во Абу Даби.

Muzej1

Колекцијата ќе вклучува уметнички дела од сите делови ширум светот почнувајќи од 1960-тите до денес. Комисиите за музеи, создадени посебно за колекцијата на Гугенхајм во Абу Даби, ќе бидат посебно посветени на соработка со современи уметници и поддршка на продукцијата на современата уметност.

Muzej3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top