Насловна / Вести / Климатските промени можат да ги чинат најголемите светски компании дури 970 милијарди долари

Климатските промени можат да ги чинат најголемите светски компании дури 970 милијарди долари

За над 200 најголеми светски компании кои се на берзата, се предвидува дека климатските промени би можеле да ги чинат вкупно 970 милијарди долари. Ова е заклучок од извештајот кој е направен врз основа на истражувања и упатува на фактот дека многу компании и натаму ја потценуваат опасноста од климатските промени, додека научниците предупредуваат дека доколку не се презвемат радикални чекори катастрофата е блиску.

Поголемиот дел од трошоците се очекуваат во следните пет години, стои во извештајот објавен од страна на непрофитната организација CDP (Carbon Disclosure Project). CDP е формиран на почетокот на 2000-тите и ужива голем углед во растечката коалиција на активистички групи, фондови, па и политичари кои веруваат дека глобалното затоплување претставува системски ризик за глобалните финансии. Извештајот анализира податоци за 215 најголеми компании, од Apple и Microsoft, до Unilever, UBS, Sony и други.

Компаниите ги очекуваат вкупно 970 милијарди долари дополнителни трошоци поради фактори како покачени температури, хаотични временски прилики и цените на емисиите на стакленички гасови. Одприлика половина од овие трошоци се сметаат за „веројатни, до речиси извесни“.

cdp1

cdp2

cdp3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top