Насловна / Вести / Ќе се заштитува Трканска река

Ќе се заштитува Трканска река

Bregalnica reka
Проектот за регулација и заштита на реката во село Тркање, Кочанско, е поддржани и од членовите на општинскиот Совет за негово финансирање.

Од вкупните средства што Швајцарскиот секретаријат за економски работи СЕКО ги дава за мали инфраструктурни проекти, во рамки на програмата за управување со речниот слив на реката Брегалница, општина Кочани обезбедува 18,5 отсто од вкупната вредност на средствата.

– За оваа намена сме подготвени да обезбедиме 5,8 милиони денари сопствени средства од буџетот на општината за 2015 година, за да учествуваме во кофинансирањето на проектот за заштита и регулација на Трканска река. Одлуката а едногласно донесена со цел заштита на животната средина и прифаќање на одпадните води во населеното место Тркање, истакна градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски.

Вкупната вредност на проектот изнесува 31 милион денари или 615 илјади швајцарски франци.

Проектот со кој учествува општина Кочани беше избран од граѓаните на форумите на заедниците во рамки на проектот за управување со речниот слив на Брегалница.

Испрати коментар

Scroll To Top