Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Ќе се реконструира лабораторијата на Тесла

Ќе се реконструира лабораторијата на Тесла

Wardenclyffe-today

Основачот на компанијата „Tesla Motors“ ќе донира еден милион долари за продолжување на реконструкцијата на лабораторијата на Никола Тесла на Лонг Ајленд. „Hafington post“ опширно пишува за градбата што помина долг пат од пропаст до обнова, а за која треба да се соберат помеѓу пет и осум милиони долари за реконструкција. Оваа донација ќе биде уште еден чекор во напорите да се реализира оваа идеја. Првиот чекор е преземен во мај 2013-та, кога за 850.000 долари е купен имотот на овој научен центар. Центарот ќе служи за едукативни и истражувачки цели, а секој што има добра идеја ќе може да се обиде да изгради прототип користејќи го работниот простор, машините и стручното знаење, кои центарот ги става на располагање.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top