Насловна / Вести / Ќе се гради плоштад Мајка Тереза зад МНР

Ќе се гради плоштад Мајка Тереза зад МНР

rsz_mob
Зад новата зградата на Министерството за надворешни работи ќе се гради плоштад Мајка Тереза, а просторот ќе го уредува Град Скопје, за што е дадено одобрение од советниците. Сè уште не е познато како точно ќе изгледа плоштадот, дали ќе има фонтани или ќе се поставуваат споменици.
Покрај уредување на просторот меѓу Македонската опера и балет и новите објекти на кејот, ќе се реконструираат и околните фасади.

Има потреба од реконструкција и доградба на објектите. Тие се со оштетени фасади, а на некои од нив е потребна и санација на конструктивниот систем, се вели во образложението на градоначалникот Коце Трајановски за советниците.
Покрај плоштадот Мајка Тереза, Град Скопје годинава ќе го гради и плоштадот ВМРО, кај седиштето на владејачката партија, и ќе ги реновира фасадите на околните згради.

Испрати коментар

Scroll To Top