Насловна / Вести / Ќе се гради кружен тек во Чаир

Ќе се гради кружен тек во Чаир

Екипите на Град Скопје почнаа со изградба на кружен тек меѓу улиците Втора македонска бригада и Кемал Сејфула во општина Чаир. Градежните работи на новиот кружен тек се очекува да завршат за два месеца, во зависност од временските услови.

raskrsnica vo Cair

“ваа локација ја избравме токму поради тоа што густината на сообраќајот на оваа раскрсница е голема, а во близина се наоѓаат основно и средно училиште, како и Поликлиниката „Чаир“. За да ја зголемиме безбедноста во одвивањето на сообраќајот, сега овде градиме кружен тек, а ќе се постави и водоводна и канализациска мрежа. Ќе бидат инсталирани и 40 нови канделабри со висина од седум метри за да се осветли овој потег. Целата инвестиција на Град Скопје во овој проект е околу 19 милиони денари. Нашата крајна цел е во целиот град инфраструктурата рамномерно да се развива. Во минатото овој дел од градот бил запоставен, нешто што сериозно го исправаме во изминатите две години“, рече градоначалникот Шилегов.

raskrsnica vo Cair1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top