Насловна / Архитектура / Мини куќа на Метју Меконахи која помага во борбата против пожарите во Австралија

Мини куќа на Метју Меконахи која помага во борбата против пожарите во Австралија

Познатиот холивудски глумец Метју Меконахи заедно со австралиската компанија Unyoked и произведувачот на бурбон Wild Turkey го осмислил објектот The Reserve кој претставува мала и независна единица за сместување која функционира на соларна енергија. Овој проект е во склад со страста на глумецот кон едноставен и еколошки дизајн.

1_resize

Овој мал дом во потполност изграден од одржливи материјали, сместен е на брегот на Нов Јужен Велс во Австралија. The Reserve е објект кој може да се изнајми, а на своите гости им овозможува пријатен престој со убави погледи на интересните австралиски предели.

Matthew McConaughey Wilderness Cabin - INTERIOR & EXTERIOR SHOTS

Објектот е изведен од темно дрво во рустичен стил, што создава топол и пријатен амбиент. Независното функционирање на објектот не влијаело на удобноста и овој мал објект одава впечаток на софистицираност.

Matthew McConaughey Wilderness Cabin - INTERIOR & EXTERIOR SHOTS

Типичните погодности на модерниот живот како телевизор и интернет заменети се со содржини како што се камин и големи прозори, наместо на екран пружаат поглед на опкружувањето. Објектот ја содржи сета останата неопходна опрема како шпорет на плин, садови, но и сокриен мини бар од кој можете да се послужите со бурбон.

Matthew McConaughey Opens Wilderness Cabin In Sydney, Australia

Личен печат

Во ентериерот на  The Reserve глумецот додал и личен печат, па така сите оние кои сакаат да заборават на своите паметни уреди можат да се послужат со книги или да уживаат во музика пуштајќи касети на Боб Дилан од ретро стерео уред.

Matthew McConaughey Wilderness Cabin - INTERIOR & EXTERIOR SHOTS

Доноции за борба против пожарите

Приходите од резервациите за сместување, како и еден долар од секое продадено шише пијалок донирани се на партнерот на проектот, односно добротворната организација Foundation for National Parks & Wildlife, која последниве месеци се бори против катастрофалните пожари кои ја зафатија Австралија.

„Отсекогаш сум бил воодушевен од природните убавини на Австралија. Се надевам дека The Reserve ќе ги инспирира Австралијанците повторно да се поврзат со природата, како противотров на овој потрошувачки начин на живот“, истакнал Метју Меконахи, кому тешко му паднале пожарите во Австралија.

4_resize

Поради тоа глумецот им помогнал на членовите на организацијата за помош и на група волонтери во подготовка на 800 оброци на скара за калифорниските пожарникари, кои со денови се бореле со огнената стихија.

Испрати коментар

Scroll To Top