Насловна / Вести / Ќе се гради ѕид околу Ајфеловата кула

Ќе се гради ѕид околу Ајфеловата кула

Ѕидот ќе биде поставен на две страни, додека другите две страни кои служат за влез и излез ќе бидат окружени со метални решетки.

Заменик градоначалникот на Париз, задолжен за туризам, Жан-Франсоа Мартинс, рекол дека изградбата на ѕидот што ќе биде завршен наредната година, ќе го чини градот 20 милиони евра. Мартинс смета дека ѕидот ќе биде подобро и поатрактивно решение од бариерите што се користат сега.ајфелова кула

Изградбата на ѕидот е дел од планот за јакнење на безбедноста околу Ајфеловата кула.

Градските власти на Париз едногласно го прифатиле предлогот околу симболот на градот – Ајфеловата кула, да биде изграден непробоен ѕид, објави весникот Le Monde.

Според истиот извор, ѕидот ќе биде поставен како одговор на честите терористички закани.

Испрати коментар

Scroll To Top