Насловна / Архитектура / Ќе почне изградба во кругот на фабрика „Треска“, платени комуналии во висина од 800.000 евра

Ќе почне изградба во кругот на фабрика „Треска“, платени комуналии во висина од 800.000 евра

Летово ќе почне градбата на првата зграда во кругот на поранешната фабрика „Треска“ и со тоа ќе се бетонизира и последниот слободен простор во центарот на Скопје. Фирмите  „Голден арт“ и „Мега акустик“ веќе уплатиле комуналии во висина од 800.000 евра на Град Скопје и Општина Центар за изградба на станбено-деловен објект.

Од Општина Центар за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдуваат дека се платени комуналиите и сега следува изготвување и потпишување на одобрението за градба.

„По завршување на постапката и сите законски процедури одобрението за градење ќе стане правосилно. Ќе се гради објект со висина од 19.20 метри, катноста е приземје, 5 ката и поткровје, а вкупната бруто изградена површина изнесува 6.662 метри квадрати. Станува збор за стaнбено-деловен објект“, велат од Општина Центар.

treska-11.04.2023-1536x825

За изградба на првата зграда која ќе има и деловен објект градителот платиl комуналии 662.674 евра за станбената зграда и 122.785 евра за деловниот објект или вкупно околу 800.000 евра. Од нив 60 отсто се платени на Град Скопје, а останатите на Општина Центар.

Во април годинава Општина Центар продаде државно земјиште во кругот на фабриката на фирмите „Голден арт“ и „Мега акустик“ и со тоа почна постапката за градење во „Треска“. Тогаш од Општината рекоа дека градителите поседуваат 90.17 проценти од вкупната површина на градежната парцела, а за дооформување се продадени само 9.83 проценти државно земјите од вкупната градежна парцела.

Во Општината чекаат на одговор уште 16 барања на градежници за купување на државно земјиште за да можат да ги зголемат парцелите за градба, а поднесени беа 4 барања за издавање градежна дозвола.

Со платените комуналии и потписот кој секој момент треба да го стави Герасимовски, се уриваат сите надежи просторот да се уреди според решенијата на конкурсот кој по барање на стручната фела и граѓанските организации го распиша ексградоначалникот Саша Богдановиќ.

Герасимовски уште кога дојде на функција изјави дека конкурсот не може да се спроведе бидејќи не може на сопственици на приватни имоти да им се забрани да дооформуваат парцели и да бараат дозволи за градба. Сега Герасимовски кој е кадар на СДСМ ќе потпишува дозволи за згради нацртани од времето на ВМРО-ДПМНЕ кои неговиот претходник ги викаше „наполитанки“.

Извор: САКАМДАКАЖАМ.МК

Испрати коментар

Scroll To Top