Насловна / Вести / Кинези градат индустриски парк во Србија

Кинези градат индустриски парк во Србија

CRBC vo Srbija

„Кинеската компанија China Road and Bridge Corporation (CRBC) започна со подготовките за изградба на индустриски парк во Србија. Проектот го поддржува и кинеската влада која е заинтересирана да помогне финансиски за неговата реализација“, соопштуваат од Министерството за земјоделство и животна средина на Србија. Се очекува овој индустриски парк да биде изграден во краток рок, а првенствено да биде наменет за агроиндустријата. Целта е што повеќе реномирани кинески компании да се вклучат во проектот, со што би се обезбедила силна трговска размена на земјоделски производи, односно долгорочен извоз на српски производи на кинеските пазари. Се очекува првите резултати да бидат видливи веќе до крајот на 2017 година.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top