Насловна / Вести / Кина ја добива борбата со загадувањето?!

Кина ја добива борбата со загадувањето?!

Во борбата против загадувањето Кина постигнува охрабрувачки резултати. Ова е еден од заклучоците на Студијата подготвена од Институтот за енергетски политики (EPIC) на Универзитетот во Чикаго, кој е јавно објавен на 13-ти март. Врз основа на над 200 извори на информации од целата земја, истражувачите пресметале дека концентрациите на цврсти честички, е намалена за 32% во периодот помеѓу 2013 и 2017 година. Доколку оваа тенденција продолжи, се оценува дека просечниот животен век на Кинезите ќе се зголеми за 2,4 години како резултат на намалениот ризик по здравјето предизвикан од загадувањето. Кина, првиот светски загадувач, е на пат да ја добие војната против загадувањето на воздухот.  „Не постои друг пример на земја во светот, која направила толку брзо намалување на емисиите на загадување“ вели раководителот на оваа Студија за Агенцијата Франс Прес.

Под притисок на јавното мислење, кинеските власти лансираа план за борба против загадувањето во 2013 година.

EPIC 1

EPIC 2

Испрати коментар

Scroll To Top