Насловна / Екологија / Кина испраќа 11 милиони автомобили на рециклирање

Кина испраќа 11 милиони автомобили на рециклирање

A general view of heavy traffic on a highway during the morning rush hours in Shanghai
Со цел да се намали нивото на загадување на воздухот, кинеската влада донела одлука до 2015 година да отстрани од улиците 11 милиони возила произведени пред 2005 год., кои највеќе придонесуваат за загадувањето. Густиот смог во најголемите кинески градови е скоро секојдневна појава, а властите сè уште немаат вистинско решение за овој проблем. Сепак, кога се работи за идентификувањето на причините, истражувањата покажале дека автомобилите се најголеми загадувачи одговорни за 31% од вкупната емисија на штетни гасови во Пекинг. Затоа, планот на владата предвидува до крајот на 2014 година да се повлечат од сообраќај шест милиони автомобили, а во втората фаза уште пет милиони во 2015 година.

Владата не соопштува на кој начин ќе биде спроведена оваа акција и дали сопствениците што ќе останат без своите возила ќе бидат на некој начин обештетени. Како дополнителна мерка, на бензиските пумпи во најголемите градови им е наложено да продаваат само еколошки горива. Според претходна одлука на властите во Пекинг,  предвидено е максималниот број возила во градот да се ограничи на шест милиони до 2017 година, но само под услов во меѓувреме да се намали загадувањето на воздухот во главниот град.

Испрати коментар

Scroll To Top