Насловна / Арт и дизајн / Столицата CORD / CODE – напнатост на правата линија и меката крива (видео)

Столицата CORD / CODE – напнатост на правата линија и меката крива (видео)

Столицата CORD / CODE на јапонското биро за дизајн од Токио, Oniki Design Studio е изработена од акрилик и жици од не’рѓосувачки челик. Шест закривени површини обликувани со хоризонтално затегнати жици низ акрилик во форма на буквата U го формираат седиштето и наслонот на столицата.

7_resize

Закривените површини се создадени од вкупно 124 жици кои се распоредени така за да се закриват спрема телото, се однесуваат како да се ткаенина, меко обвиткувајќи ја особата што седи. На жиците им се дава код за да се создаде дизајн каде коегзистираат напнатоста на правата линија и меката крива.

6_resize 5_resize

Закривените жици се видливи од страната и од задниот дел на столицата низ кристално чистата акрилна база, давајќи чувство на леснотија, особата што седи делува како да лебди.

1_resize

Столицата е добитник на наградата Златен медал во категоријата производи за домашни ентериери на International Design Awards-IDA 2019.

4_resize 3_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top