Насловна / Архитектура / Kengo Kuma победник на конкурсот за концертна сала во Приштина

Kengo Kuma победник на конкурсот за концертна сала во Приштина

Kengo Kuma and Associates, заедно со Беким Рамку и  OUD+ Architects, се добитници на првата награда на конкурсот за реконструкција на зградата  Gërmia и нејзина преадаптација во концертна сала и своевидна културна знаменитост на Косово. Зградата  Gërmia е еден од највпечатливите објекти на модернистичката архитектура во Приштина. Датира од 70-тите години на минатиот век и зазема значајно место во колективната меморија на граѓаните на Приштина. Токму затоа, условите на конкурсот барале зачувување на постоечката архитектура. Победничкото проектно решение во целост го почитува тоа и создава одлична поврзаност помеѓу различните јавни простори со основната намена на објектот, н вклучува и изложбен простор и други содржини. Проектот вклучува многу елементи на одржливост, меѓу кои собирање на дождовницата, природна вентилација и зелен покрив. Генерално, овој проект има намера да го заштити модернистичкото наследство на Приштина, истовремено креирајќи современа платформа за уметничката сцена на Косово.

KK1

KK2

KK3

KK4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top