Насловна / Арт и дизајн / Реномираната куќа Fabergé продолжува со спектакуларни серии на велигденски јајца

Реномираната куќа Fabergé продолжува со спектакуларни серии на велигденски јајца

Прославената серија од 50 царски велигденски јајца создадена е за руското царско семејство кога компанијата за накит Fabergé од 1885. до 1916. година ја водел Peter Carl Fabergé. Овие креации се нераскинливо поврзани со славата и трагичната судбина на последните Романови. Јајацата биле врвно достигнување на реномираната руска куќа за накит. Десет јајца се произведени од 1885. до 1893. године, за време на царот Александар III, а уште 40 се направени за време на владеењето на неговиот син Николаја II, две секоја година, едно за неговата мајка, вдовица, друго за неговата сопруга.

ff

Серијата започнала во 1885. година кога царот Александар III,  преку посредник, својот чичко, големиот војвода Владимир, од Fabergé нарачал велигденско јајце, како велигденски подарок за својата сопруга, царицата Марија Фјодоровна. Fabergé првобитно планирал јајцето да содржи дијамантски прстен, финалната верзија, следејќи ги специфичните упатства на царот, вклучувала привезок од рубин со голема вредност.

prvo

Реномираната куќа Fabergé и денес продолжува со спектакуларни серии на велигденски јајца. Една од нив е и серијата The Fabergé Four Seasons Eggs, која се состои од четири единствени јајца од царска класа со изненадувања од драги камења. Four Seasons претставува повторно раѓање на иконичните украсни креации во долгогодишната традиција на извонредни уметнички дела. Оваа серија од четири украсни јајца, од кои секое содржи еден од четирите најдрагоцени драги камења – дијамант, смарагд, сафир и рубин – претставуваат зима, пролет, лето и есен.  Секое јајце  се отвора за да открие нарачано изненадување од накит, кое, се разбира, може да се прилагоди според желбите на клиентот.

Лето

Испреплетено во сончевата светлина на летните градини, летното јајце Four Seasons го изразува волшебството на шарените летни цветни аранжмани во сјајни бои.

leto

Есен

Со пријатна топлина и богато украсени тонови, есенското јајце Four Seasons доловува легенди, народни и бајки за богатства од мистериозните Уралски планини, каде шумските духови почитувани поради својата магија и убавина откриваат тајни на античката мудрост.

esen

Пролет

Пролетното јајце Four Seasons претставува нов живот кој избувнува на пролет, добредојдено и прославено будење на земјата, најавувајќи нови почетоци.

prolet

Зима

Преку блескав сјај, кој потсетува на сјајни снежни кристали и ледени снегулки, зимското јајце Four Seasons е блескава ледено-бела композиција од дијаманти и аквамарини.

zima

Испрати коментар

Scroll To Top