Насловна / Вести / Кејот кај објектите на државните институции ќе стане шеталиште

Кејот кај објектите на државните институции ќе стане шеталиште

kej na leva strana na vardar kako setaliste
Кејот на реката Вардар, кај објектите на државните институции, конечно заличи на шеталиште. Деновиве со багери и камиони се чисти ѓубрето и се собира земјата, што беше ископана за изградба на објектите на МНР, Уставниот суд, Агенцијата за електронски комуникации и на Финансиската полиција. Неколку години, поради градежните работи, кејот беше затрупан со земја и не беше достапен за движење на пешаци. Дел од градилиштето со месеци се користеше и како див паркинг во најстрогиот центар на градот, па имаше коли паркирани веднаш до водата на реката.

Од Службата за општи и заеднички работи на Владата велат дека шеталиштето за неколку дена ќе биде доведено во првобитната состојба, за што имало состанок со сите градежни компании кои работеле на објектите од левата страна на Вардар, на кој било договорено сите фирми заеднички да организираат акција за средување на просторот, односно собирање на натрупаната земја и рамнење на просторот.

Испрати коментар

Scroll To Top