Насловна / Ентериери / Каменолом претворен во луксузна вила на Миконос

Каменолом претворен во луксузна вила на Миконос

vila vo mikonos (2)

Познатиот грчки остров доби уште еден прекрасна вила на темелите на некогашен рудник за камен.

Каменот што се копа на Миконос е со многу добар квалитет, меѓутоа, туристичкиот потенцијал на островот е многу поголем, и повеќе еколошки, така што не е чудно што каменоломите се почесто се затвораат.vila vo mikonos

Еден од нив, кој се наоѓа на фантастична позиција со поглед на островот Делос, трансформиран е во вила која зрачи со вистински грчки шарм.vila vo mikonos (3)

Villa Gracias a la Vida е поделена на два дела: главна куќа од 350 квадратни метри и гостинска од 270 квадратни метри. Тие меѓусебно се поврзани со голем базен со морска вода, како и камени ѕидови кои потсетуваат на историјата на оваа парцела.vila vo mikonos (4)

Во изградбата на вилата биле користени локални материјали и традиционални ѕидарски постапки.vila vo mikonos (5)

Каменот, се разбира, го има најмногу и тоа во контраст на белата вила со карактеристичните сини прозорци.vila vo mikonos (6) vila vo mikonos (7)

На терасата се веранди кои обезбедуваат сенка на „измачените“ туристи, а кога ќе огладнат тука е и скарата изѕидана со камен.vila vo mikonos (9) vila vo mikonos (8)

Куќата може да се изнајмува а дневното изнајмување е од 2.000 евра и нагоре, во зависност од терминот.vila vo mikonos (12) vila vo mikonos (11) vila vo mikonos (10)

Испрати коментар

Scroll To Top