Насловна / Вести / Калифорнија: Новите куќи до 2020 задолжително со своја соларна централа

Калифорнија: Новите куќи до 2020 задолжително со своја соларна централа

Неодамна прифатениот стандард за енергетска ефикасност на објекти во Калифорнија, бара сите нови куќи и станбени згради по 2020 година, задолжително да имаат вградени соларни централи. Предвидени се исклучоци само за објекти кои се превисоки или пак се лоцирани во преголема сенка.  Поставувањето на батериски систем за складирање на енергија нема да биде задолжително, но се препорачува. Според податоците на американск (EIA), вкупната моќност на малите соларни електрани кои досега се изградени и се во функција во Калифорнија изнесува дури 5.700MW, од кои само во 2017 година се инсталирани 1.200MW. Обврската за задолжително поставување на соларни електрани кај куќите досега постоеше само во четири калифорниски градови: Ланкастер, Себастопол, Санта Моника и Сан Франциско.

LA CA1

CA LA3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top