Насловна / Архитектура / Извинување за објавен текст „Живко Поповски: Објекти освојувачи“

Извинување за објавен текст „Живко Поповски: Објекти освојувачи“

По повод објавениот текст „Живко Поповски: Објекти освојувачи“ во нашата редакција стигна рекција од издавачката куќа Приватен принт – Скопје .

Се извинуваме за објавениот текст „Живко Поповски: Објекти освојувачи“ и визуелните материјали објавени во книгата „На Скопје, со љубов! – Архитектонската мисла на Живко Поповски“ приредена од Анета Христова-Поповска и Мери Батакоја, издание на Приватен принт, 2017 година, без знаење и без дозвола од издавачот се објавени на веб-страницата и во печатеното издание на Порта3.

Се извинуваме што не сме испратиле барање за користење до издавачот и не сме добиле дозвола од издавачот Приватен принт за користење на веќе објавените текстови и визуелни материјали во печатена и електронска форма на Порта3 во текстот „Живко Поповски: Објекти освојувачи“, објавен во печатеното издание на Порта3, број 307 од август 2021, како и на веб-страницата на ден 6.9.2021 година (по реакција на издавачот тргнати од веб-страницата); се извинуваме и за начинот на којшто беа објавени визуелните материјали, како и за штетата којашто издавачот ја трпи со неовластено објавување на материјали од негово издание; се извинуваме и за нарушувањето на угледот на авторот на цртежите, Живко Поповски, поради несоодветниот квалитет на репродукцијата и поради тоа што издавачот и семејството на архитектот немале увид и контрола за тоа како неговите дела ќе бидат објавени и претставени пред јавноста.

Редакција на Порта 3

01_resize

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top