Насловна / Вести / Како Виена успеа да стане една од најчистите светски метрополи?

Како Виена успеа да стане една од најчистите светски метрополи?

Австриската престолнина е една од најчистите метрополи во светот. Тоа достигнување не е случајност, туку последица на добитната комбинација од различните можности за управување со отпадот, јасните правила, строгите контроли и паричните казни. Клучна улога играат и т.н WasteWatchers, кои веќе дванаесетта година по ред контролираат дали граѓаните се придржуваат кон градските прописи за чистотата. Во моментот во иена постојат околу 50 постојано вработени WasteWatchers и 400 дополнително обучени претставници на компаниите за одлагање на отпадот (MA 48) и за одржување на градските паркови (MA 42) кои патролираат низ градот во јасно означени елеци или пак во цивилка. Паричните казни се движат од 50 до 2.000 евра. Доколку некој WasteWatcher, на пример, Ве забележи како фрлате отпушок од автомобилот, ќе Ви наплати казна од 100 евра. Од управата на Град Виена за заштита на животната средина, велат дека формирањето на службата WasteWatchers значително придонело за сегашната состојба со градската чистота, истакнувајќи дека нивната примарна цел не се максимални казни, туку максимална чистота.

wastewatcher1

wastewatcher2

wastewatcher3

Испрати коментар

Scroll To Top