Насловна / Вести / Како Словенија планира да го декарбонизира производството на електрична енергија

Како Словенија планира да го декарбонизира производството на електрична енергија

Компанијата GEN, еден од двата државни производители на електрична енергија, планира да го декарбонизира производството во Словенија, така што ќе изгради уште еден блок во нуклеарката Кршко, хидроелектрани и соларни паркови. GEN Group на овој начин ќе обезбеди 10TWh, со што ќе надомести околу 35% од електричнета енергија која сега ја произведува електраната на јаглен Šoštanj, но и ќе обезбеди дополнителни количини кои ќе бидат неопходни за воведување на електрични возила и користење на електрична енергија за греење и ладење. Словенија сеуште официјално не ја определила годината до која ќе престане со користењето на јагленот, иако владата предложи тоа да биде 2033 година. Групацијата GEN одговара на предизвиците на декарбонизацијата преку мешовита нискојаглеродна енергија произведена во нуклеарките, хидроелектраните и соларните електрани. Компанијата смета дека тоа е решение за стабилен, конкурентен и нискојаглероден систем, како во Словенија, така и во регионот.

gen1

gen2

GEN во  моментот управува со нуклеарката „Кршко“, хидроелектраните во рамките на компанијата  Savske elektrarne и Hidroelektrarne na Spodnji Savi (HESS), како и со гасната електрана Termoelektrarna Brestanica (TEB). Овие електрани имаат моќност од 1.320 MW, но со оглед дека GEN поседува 50% од акциите на „Кршко“ и 35% од HESS, производството кое му припаѓа на годишно ниво достигнува околу 3,6 TWh, што е 30% од вкупното словенечко производство.  Со планираните нови капацитети, ќе се обезбеди дополнително производство од 10TWh, од кои најголемиот дел преку вториот блок на „Кршко“, а остатокот од хидро и соларни капацитети. Комбинацијата на обновливи извори и нуклеарна енергија, и овозможува на земјата успешно да го декарбонизира електроенергетскиот систем.

Минатата година, GEN Group остварила добивка од 80 милиони евра.

gen3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top