Победниците на конкурсот за новиот музеј Гугенхајм во Хелсинки ќе се дознаат во јуни, а ние ви ги претставуваме шестте проектни идеи кои се најдоа во финалето.
Хелсиншките градски власти за новата зграда го предвиделе едно од најубавите места на градот – јужното пристаниште Eteläsatama во историскиот центар на градот. Задачата на учесниците била да се создаде концепт на музејскиот објект, земајќи ги предвид специфичната локација, индустриската традиција и, конечно, визијата на музејот Гугенхајм, кој би требало да биде поделен на два дела – изложбен простор и место на јавна употреба, кои ќе комуницираат хармонично.
На конкурсот се пријавиле повеќе од 1.700 проекти, а во финалето се нашле шест трудови од различни земји. Победничкиот концепт, кој ќе биде објавен во јуни, ќе добие вредна награда од 100.000 евра.
GH-1128435973
GH-04380895
GH-121371443
GH-5631681770
GH-5059206475
GH-76091181