Насловна / Вести / Будимпешта добива нов мост во јужниот дел на градот

Будимпешта добива нов мост во јужниот дел на градот

Често се вели дека мостовите се најубавите и најпознатите симболи на прекрасната унгарска метропола. Ова тврдење сигурно треба да биде оправдано со новиот мост што ќе се гради во јужниот дел на градот Будимпешта.

Budimpesta

Главната цел на изградбата на новиот мост во Будимпешта е ослободување на сообраќајниот метеж и намалување на бројот на автомобили во центарот на градот, но неговата изградба е планирана и за поттикнување на развојот на јужните делови на унгарската метропола. Мостот Галвани, заеднички дизајниран од холандските UNStudio и BuroHappold Engineering, ќе ја подобри интеграцијата на радијалниот модел на градски патишта и обиколницата на градот. Идејата за изградба на нов мост над Дунав во јужниот дел на Будимпешта се појави во 80-тите години на минатиот век, а на почетокот на 90-тите години Градскиот совет на Будимпешта ја утврди нејзината локација. Сепак, планот не беше реализиран поради недостаток на средства, а конечната одлука за изградба на мостот беше донесена дури во 2018 година, како заради потребата од намалување на сообраќајот во центарот на градот, така и за олеснување на другите градски мостови, објави Центарот за развој на Будимпешта.

Budimpesta1

Проценето е дека новиот мост ќе го намали сообраќајот за 30 отсто на централните мостови во Будимпешта, односно на Синџирскиот мост, Елизабетскиот мост и Мостот на слободата и за 10 отсто на мостот Petőfi. Се очекува благодарение на изградбата на новиот мост, сообраќајот во центарот на градот да се намали за дури 55 илјади автомобили на ден.

Мостот Галвани ќе биде изграден во една од најперспективните области на Будимпешта. Јужните делови на Буда и Пешта се развија значително во последните децении, а новиот мост треба да поттикне понатамошен развој на северниот дел на 21-от округ Цесел, 11-та област Ујбуда и 23-от округ Сороксар.

Budimpesta2

“Новата трамвајска линија што ќе го премине новиот мост, исто така, ќе придонесе за подобро поврзување на овие делови од градот и ќе го подобри јавниот превоз во Будимпешта“, вели Балаш Фурјес, државен секретар одговорен за развојот на Будимпешта и нејзината агломерација.

Според планот, ќе се гради нова трамвајска линија меѓу улиците Фехервари и Губаци и ќе биде првата линија за јавен превоз што ги поврзува јужните градски области со центарот на градот. Исто така, се планира да се поврзе со постојните линии на приградски железнички линии H6 и H7.

Давид Витези, извршен директор на Центарот за развој во Будимпешта го претстави изгледот на новиот мост долг 529 метри. Мостот Галвани ќе има четири сообраќајни ленти и две специјални ленти за автобуски превоз и трамвајска линија во средината, како и велосипедски (ширина 2 х 2,6 м) и пешачки патеки (2 х 1,5 м) од двете страни. Благодарение на закосените, асиметрично обликувани столбови, мостот сигурно ќе стане нов симбол на унгарската метропола.

Budimpesta4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top