Насловна / Арт и дизајн / Како изгледа столица направена од стари дрвени палети?

Како изгледа столица направена од стари дрвени палети?

Од глобалното популарно рециклирање биле заинтересирани и корејските дизајнери да ги здружат силите и да направат интересни столици, кои со своите едноставни форми се вклопуваат во секој простор.stolica od paleti (4)

Така, корејското студио Craft Combine уште од самиот почеток е заинтересирано за односот помеѓу дизајнот, занаетчиство и експерименталниот однос кон материјалите. Преку работата и со користење на различните методи и материјали, тие дошле до свој дизајнерски јазик.stolica od paleti (5)

Во видеото може да се види комплетниот процес на изработка, почнувајќи од обработка на дрвото па се до негово финиширање.

stolica od paleti (3)

Стружењето, моделирањето, фината обработка и полирањето се доведени до совршенство, а за последното маскирање на палетите се користени геометриски форми на акрил во боја, коишто даваат една сосема нова димензија на столиците.stolica od paleti

Комбинацијата на природните и вештачките материјали резултирала со впечатливи столици идеални за канцеларија или стан.

stolica od paleti (2)

 

Испрати коментар

Scroll To Top