Насловна / Градежништво / Како изгледа новиот деловен центар на Apple?

Како изгледа новиот деловен центар на Apple?

34d63bd5
Познато е дека компанијата Apple го гради своето ново седиште во Cupertino, кое неверојатно многу потсетува на еден вселенски брод. Иако гигантот од Cupertino, како и секогаш, е сосема таинствен кога се работи за неговите проекти, на Интернет сепак се појави видео запис од птичја перспектива кој ни прикажува како тече работата околу изградбата на новиот кампус на Apple.

Видео записот е направен со беспилотно летало, а со оглед на тоа дека не постојат јасни правила што се однесува до ваквиот начин на снимање, корисникот навел дека леталото се наоѓало на височина помала од 120 метри. Се работи за последниот голем проект на кој работел Стив Џобс пред својата смрт. Комплексот треба да биде целосно завршен во 2016 година.

Испрати коментар

Scroll To Top