Насловна / Архитектура / Како да се купи една напуштена банка за еден долар и да сe претвори во галерија

Како да се купи една напуштена банка за еден долар и да сe претвори во галерија

banka vo galerija vo cikago

Првoто Биенале за архитектура во Чикаго ќе се одржи во новата зграда наречена Stony Island Art Bank – која има многу интересна приказна.

Уметникот Theaster Gates ја купил напуштената зграда на банката од ерата на прохибицијата во Чикаго за само еден долар.

banka vo galerija vo cikago (2)

Се разбира, тука има еден мал „момент“ предвиден со договорот за продажба. Имено, Gates мора да собере 3,7 милиони долари за да на зградата и се врати поранешниот сјај и нова употребна вредност. Средствата ги има собрано на многу необичен начин.

banka vo galerija vo cikago (3)

Од 2013 година, Gates на мермерни плочи, кои се користеле за обложување на одредени ходници на зградата, испишал натписи In ART We Trust, коишто биле продавани за пет илјади долари.

Поголемите парчиња мермер биле продавани и за 50 илјади долари.banka vo galerija vo cikago (4)

По ваквото необично crowfunding собирање на поголема сума на пари, се прибегнало кон реставрација на зградата, пишува CityLab.

На зградата не само што и бил вратен поранешниот сјај, но таа добила необичен шарм. Просторот го задржал духот на минатите времиња, а од друга страна, во неа се` е ново.banka vo galerija vo cikago (5)

Stony Island Art Bank сега е уметничка галерија пред која е светла иднина.

Во класичниот ентериер сместено е модерно осветлување и опрема со што зградата доби современ контекст.banka vo galerija vo cikago (6)

Заради својата неодолива убавина, било одлучено токму во оваа зграда, да се одржи првото Биенале на архитектура во Чикаго.

banka vo galerija vo cikago (7) banka vo galerija vo cikago (9)

Испрати коментар

Scroll To Top