Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Каиро и Москва планираат изградба на првата нуклеарна централа во Египет

Каиро и Москва планираат изградба на првата нуклеарна централа во Египет

NUklearka vo egipet

Каиро и Москва потпишаа прелиминарна спогодба за изградба на првата нуклеарна електрична централа во Египет. Двете земји се договориле за изградба на нуклеарна електрична централа во северниот дел на Египет. Уште во почетокот на осумдесеттите години од минатиот век, во времето на Хосни Мубарак, Египет имаше планови за изградба на нуклеарна централа во истиот регион, но проектот не се реализираше со оглед на катастрофата во Чернобил во 1986 и новиот курс во однос на нуклеарките во тоа време.

Putin vo egipet nuklearka
Инаку се работи за нуклеарна централа со руска технологија, со четири блока од по 1200 MW, изјавил за руските медиуми генералниот директор на „Росатом“. Тоа ќе биде централа од новата „пост – Фукушима“ генерација и Русија е подготвена да даде кредит за нејзината изградба. Интересно е дека во текот на посетата на Владимир Путин на Египет, Каиро осамна со огромни билборди од почитуваниот гостин.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top