Насловна / Арт и дизајн / Каде заминуваат старите неонски реклами во Лас Вегас?

Каде заминуваат старите неонски реклами во Лас Вегас?

музеј нанеонски светла (9)

Градот, кој себеси сака да се нарекува престолнина на забавата, Лас Вегас е место каде што веројатно најлесно може да се потрошат парите. Тешко е за секој посетител да се спротивстави на сите оние светлечки реклами кои се покана за долгите ноќи, а тие реклами се менуваат како што се менуваат имињата на големиот број хотели и казина.музеј нанеонски светла (10)

Затоа, прашањето на место на чување на неонски реклами на коишто им е поминат рокот на траење се поставува само од себе. Местото каде што завршуваат е Музејот на неонски реклами кој со својата целосна работа функционира од 2013 година. И тоа е музеј кој може да се посети во текот на денот и во текот на ноќта, на пустинскиот воздух на Невада. Отворен тип е и содржи околу 150 различни некогашни неонски реклами коишто во меѓувреме станале легендарни.

музеј нанеонски светла (8)

Тука се чува и рекламата од дамнешните 30-ти години на минатиот век којашто стоела над ресторанот за работниците, кои ја граделе Хуверовата брана на реката Колорадо.музеј нанеонски светла (7) музеј нанеонски светла (6) музеј нанеонски светла (5) музеј нанеонски светла (4) музеј нанеонски светла (3) музеј нанеонски светла (2) музеј нанеонски светла

Испрати коментар

Scroll To Top