Насловна / Арт и дизајн / „Јазична меморија“, споменар исполнет со македонски зборови

„Јазична меморија“, споменар исполнет со македонски зборови

Моето секојдневие се обидувам да го инспирирам од две многу силни реченици кои некогаш сум ги прочитала, едната на Коко Шанел, а другата на Џим Колинс, па би звучела вака некако: во свет каде сè е веќе измислено, за да бидеш незаменлив, мораш да си различен, а за да си различен, никогаш не треба да си задоволен со „добро“ затоа што добро е најголемиот непријател на одлично.

364A57EA-4BC6-4B3E-B97E-F1B8C05881F7

Обично идеите ми доаѓаат во многу необични форми и ситуации, сум скицирала навечер во диско на телефон, во движење, пиејќи кафе со другарки. Овој пат сè започна во спиење, со еден мој сон, еден од многуте. Сонував мој иден проект, некој вид на речник, составен од македонски зборови, нивното значење, но сето тоа проследено со дизајнирано парче накит кој го опишува самиот збор. Но, ова е голем проект кој го планирав во моите долгорочни цели.

2816E281-1FDD-46BB-AFEF-C71A47382C00

По околу две недели се распишува конкурс наречен „Цртај на македонски јазик“ и веќе ми беше јасно дека сакам да учествувам со проектот кој веќе го сонував и ја имав генералната замисла, но рокот беше прекраток за изработка на цела азбука. Си поставив цел да изработам околу седум зборови, да го објаснам концептот и да го најавам мојот почеток како млад уметник во нашиот град.

A358E8A9-C7DD-4F12-8E38-714A00923B64

Мојата авантура насловена „Јазична меморија“ има големо значење за мене. Оваа своја авантура ја претставив на изложбата која се одржа на 29.9.2023 во КЦ Магаза, Битола во рамки на Манаки ОФФ програмата на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и за мене е многу повеќе од изложба.

Shot with OldRoll Classic M.

Студирав во Италија, во Милано, дизајн и изработка на накит, имав голема желба за тоа уште од мала, но љубовта кон нашето мало парче земја, а посебно кон мојот роден град Битола сè повеќе расте. Сметам дека имаме еден од најуникатните јазици во светот и е жално што сè повеќе ние младите избегнуваме да го користиме.

E3374964-8634-48E9-88EC-71FBC0B24C39

„Јазична меморија“ е споменар исполнет со македонски зборови кои ги користат нашите баби и дедовци, додека ние, младите, покажуваме колку сме „интересни и модерни“ со користењето на сленгови и странцизми. Време е да започнеме редовно да се потсетуваме на убавината на нашиот јазик и нека тоа време започне токму со „Јазична меморија“, споменарот кој ќе биде мост на кој ќе се пренесе богатството на нашиот јазик од нашите предци, до нас и идните генерации.

poster 50x70cm-poster hartija x 5-08

Насловната приказна за мојот процес „Јазична меморија“ започнува токму од детето. Брошот инспириран од зборот „залез“ е наменет за некогашните деца, мечтатели по бајковита љубов, а денес со копнеж кон духовен спокој.

Мојот накит излегува од милиони љубовни мисли, се интерпретира преку различни гласови, тонови и звуци, ги разбранува и извикува сите човечки емоции. Како пеперутка која се стреми кон совршенство, свесна и ноншалантна без разлика дали доаѓа крај на светот или е почеток на нов ден. Преобразбата ме носи во бескрајот на просторот, си поигрувам со сонцето и дождот и посветувам „кралска потковица“ за безусловно љубовни души.

324764E1-DBF4-41CD-A3F0-0B6B985CD6C5

Сакам да зборувам за теми кои ја разбудуваат мојата фантазија или ми откриваат нови хоризонти. Ја сакам слободата во секоја смисла на зборот, многу сум отворена кога се работи за социјалниот живот, се сметам за екстроверт, а од друга страна, знае да се појави и мојата друга страна на интроверт, кога ќе дојде момент да зборувам за моите достигнувања или за личните проблеми и не сакам да бидам во центар на вниманието во јавност. Сметам дека сум рационална личност, но исто така сум и многу емотивна, карактеристики кои апсолутно се косат, па често чувствувам како низ мене врват два спротивни полнежи, конфликт меѓу потребата на срцето и рациото со кој се ослободува торжествената енергија која ја претворам во креативна бура. Зборот „веда“ во мојата „Јазична меморија“ најдобро ја објаснува оваа моја моќ.

posteri - 45x85cm-01 (1)

Дизајните не се ограничуваат на еден вид на моден додаток, можеме да ги замислиме и имаме како ѓердан, брош или некоја друга форма. Овие дизајни нудат можност за изработка согласно со желбите на сите оние кои можат да се пронајдат во мојата приказна и истовремено да ја изградат сопствената.

posteri - 45x85cm-03 (1)

Моментално, накитот не е изработен физички, изработени се тродимензионални дигитални модели на парчињата накит, секое едно како асоцијација на еден архаичен македонски збор. Дизајните се прикажани визуелно, придружени од повеќе елементи. Секое парче го носи името на зборот кој ми е инспирација за самиот дизајн. Во горниот дел секој збор е претставен како јас го доживувам и од каде ја извлеков самата инспирација. Текстот во долниот дел е насока за публиката да ја разбере мојата приказна која сакам да ја пренесам со секое парче накит и за која сметам дека истото е наменето. Најдолу моделот е претставен од неколку различни аспекти за да се видат деталите и секако во самиот центар е 3Д моделот изработен во софтвер.

posteri - 45x85cm-04 (1)

Кога правам нешто сакам да биде апсолутно најдобро, да излезе од рамките на предвидливоста и да ги разбуди сите сетила на посматрачот. Во секој случај, благодарение на целата поддршка која ја имам, од моите блиски, сѐ се заврши навреме, и на крајот сè испадна совршено и изложбата помина во најдобар ред. Впечатокот и реакциите на присутните беа потврда за успешноста на мојата цел, а посебно делот што вистински го разбудив кај нив моментот на целосна изненаденост од неочекуваниот пристап и начинот на кој целиот процес го презентирав.

posteri - 45x85cm-05 (1)

Ми беше исклучително тешко во процесот на оживување на еден дел од моите соништа и бев под огромен притисок, од самата себе, затоа што прв пат се претставив пред јавноста со тоа што навистина го знам и сакам. Голем перфекционист сум и најголемиот критичар на самата себе. Секогаш знам дека можам повеќе, подобро, најдобро и тоа поведена од една мисла Џим Колинс, а тоа е „good is the enemy of great“. Свесна сум и ги гледам сите недостатоци и уште не сум сигурна во моите можности. Тука, во Македонија, има лимитирани ресурси за ваквите занаети.

posteri - 45x85cm-06 (1)

Токму тоа е мојот предизвик, во средина со ограничување да изработувам уникатен накит кој ќе ги надмине препреките и ќе биде гласноговорник на мојата визија.

„Јазична меморија“ е проект поддржан од Министерство за култура на РСМ во рамки на програмата „Цртај на македонски јазик 2023“.

Автор: Сташа БОЖИНОВСКА

posteri - 45x85cm-02 (1) posteri - 45x85cm-07 (1) F716ECA0-E923-43BF-A60A-686ECAA34327

Испрати коментар

Scroll To Top