Насловна / Вести / Досега го погледале 17 милиони на YouTube: Се собрало во стан од 24 квадратни метри (ВИДЕО)

Досега го погледале 17 милиони на YouTube: Се собрало во стан од 24 квадратни метри (ВИДЕО)

Во светот сè попопуларни стануваат таканаречените микро или мали станови, пред се поради висината на киријата, а потоа и поради сметките за струја и греење.

3

Еден таков стан веќе некое време привлекува внимание на YouTube, а досега го погледнале дури 17 милиони луѓе, што го прави убедливо најгледаното видео во категоријата уредување мали станови.

Соодветно именуван од клиентот, Boneca Apartment (кукла на португалски), проектиран од архитектот Brad Swartz – овој стан од 24 квадратни метри во Сиднеј има чувство на луксуз и префинетост, многу повеќе од неговата големина. Со преуредување на бањата и кујната создадена е долга зона за дневен боравок и трпезарија, како и заклонета ниша за спиење.

9

Станот е светол и сончев, со големи прозори по цела ширина, со што делува попростран отколку што всушност е. На тоа чувство дополнително влијаат и белата кујна и светлиот мебел, па чувството на тесно не е толку изразено.

6 1 2 8 7 5 4

Испрати коментар

Scroll To Top