Насловна / Вести / Јавен конкурс на признание на ДГКМ за најдобро остварување во областа на градежното конструкторство

Јавен конкурс на признание на ДГКМ за најдобро остварување во областа на градежното конструкторство

Претседателството на Друштвото на градежните конструктори на Македонија, врз основа на одредбите на Статутот на ДГКМ и Правилникот за доделување на годишно признание за најдобро конструкторско остварување, распишува Јавен конкурс за доделување на признание на ДГКМ за најдобро остварување во областа на градежното конструкторство во 2015 и 2016 година.dgkm17_f.cdr

Признанието за најдобро остварување во областа на градежното конструкторство се доделува на дела завршени во 2015, односно 2016 година, за секоја од следните три категории:

- Теориско и/или експериментално истражување на конструкции;

Проектирање на носечки конструкции,

Градење на носечки конструкции.

Поединостите околу Јавниот конкурс и подготовката на предлозите за доделување на највисокото признание на ДГКМ се регулирани со Правилникот на ДГКМ и Одлуката на Претседателството на ДГКМ. За сите потребни информации, заинтересираните можат да се обратат до Преседателството на ДГКМ.

Комплетно подготвените предлози за доделување на Признанието за најдобри конст¬рукторски остварувања во 2015 и 2016 година треба да бидат доставени најдоцна до 30 август 2017 година на адреса: Друштво на градежните конструктори на Македонија, Градежен факултет – Скопје, Партизански одреди 24, П.Фах 560, 1001 Скопје.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top