Насловна / Вести / Јапонија: Со помош на 3D принтер, за само шест часа изградена е железничка станица

Јапонија: Со помош на 3D принтер, за само шест часа изградена е железничка станица

Работите на овој потфат започнале на полноќ, веднаш откако завршил сообраќајот за тој ден. Веќе во 5.45 часот утрото, новата железничка станица била подготвена за користење. Станува збор за станицата Хацушима, на западниот брег на земјата. Дневно ја користат 500 патници, а првата станица на оваа локација е изградена во 1948 година, од дрво.

За изградба на нова станица со конвенционални методи, биле потребни два месеци. Затоа, надлежните ја ангажирале компанијата Serendix, која користи 3D принтери во изградба на куќи. Оваа компанија ги направилa деловите од станицата седум дена пред нивниот транспорт во Хацушима. Трошоците за овој проект биле двојно пониски споредено со конвенционалната градба. Ова е првата железничка станица во светот направена со 3D принтер.

Испрати коментар

Scroll To Top