Насловна / Вести / Јанакиески: Да не се чека последниот датум за поднесување документи за легализација

Јанакиески: Да не се чека последниот датум за поднесување документи за легализација

legalizacija-mile

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска присуствуваше на свеченото доделување решенијата за легализација на бесправно изградените објекти во просториите на општина Ѓорче Петров.

Министерот и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Сокол Митрески заедно им ги врачија документите за легализација на граѓаните.

Како што истакна министерот Јанакиески, до сега биле легализирани околу 100.000 објекти, откако во 2011 е започнат процесот за легализација.

„Денес во општината Ѓорче Петров заедно со градоначалникот Сокол Митрески  доделивме околу 40 решенија за легализација,  кои пред се`, беа документи за легализација на индивидуални куќи. Сакам да истакнам дека општина Ѓорче Петров е една од општините каде што подобро се одвива процесот на легализација. Од информациите кои што ги добивме од општината има поднесено околу 11.000 барања за легализација  односно 10.995 и до сега се легализирани 3. 220 предмети, подвлече министерот.

И двајцата испратија порака до граѓаните и компаниите да не се чека до последниот рок и што поскоро да ги достават потребните документи за да може да си го легализираат својот имот, со што ќе решат еден од најгорливите проблеми.

Еден од најголемите проблеми при процесот на легализација, подвлекоа и двајцата е тоа што граѓаните не поднесуваат геодетски елаборат.

До сега како што истакна градоначалникот, 4,200 граѓани немаат донесено геодетски елаборати.

Рокот за поднесување документи за легализација истекува на 31.12.2015 година.

Испрати коментар

Scroll To Top