Насловна / Вести / Јадранско – јонскиот автопат одново се актуелизира

Јадранско – јонскиот автопат одново се актуелизира

Jadransko-jonski koridor

Премиерите на Хрватска, БиХ, Црна Гора и Албанија во Цавтат ќе раговараат за заеднички стопански и инфраструктурни проекти, посебно за завршување на изградбата на Јадранско-јонскиот автопат, кој би ребал да ја поврзи централна и западна Европа со Грција. Оваа средба се одржува спроти „балканскиот“ самит во Берлин во четврток.

Јадранско-јунскиот автопат во должна од 1.100 километри би минувал низ Италија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија и Грција. Од земјите во егионот досега најмногу изградила Хрватска, околу 90 проценти од хрватскиот дел на идниот автопат. Коридорот е важен за стопанскиот развој и сообраќајно поврзув ање на западна и централна Европа со југоистокот, а на Грија тој би и бил најкратка врска со Европската Унија.

Јадранско-јонскиот автопат е прокет на долги патеки. Планот е земјите кои не се членки на ЕУ, со поддршка од Хрватска и Германија, до 2020 година да ја изготват просторно-планската документација и да ги заршат студиите за за изведба. Автопатот најрано би бил готов до 2030 година. Краен рок е 2050 година.

 

Испрати коментар

Scroll To Top