Насловна / Вести / Изработен е најголемиот зелен ѕид во светот

Изработен е најголемиот зелен ѕид во светот

слика-1Во Калифорнија беше инсталиран најголемиот зелен ѕид во светот, кој се состои од преку 12.500 различни растенија кои го покриваат лобито во канцелариите на Neustar и LinkedIn. слика-2Ѕидот е дизајниран како самоодржлива структура која може да задржи вода, односно има карактеристики кои придонеле за добивање на статусот Leed Gold Building.

Дизајнот на ѕидот е изработен од студиото Habitat Hоrticulture, а се состои од два засебни ѕида кои се поврзани на аголот.слика-3 Првиот ѕид зафаќа вкупна површина од 1.426 метри квадратни од монохроматски зелени растенија, а вториот ѕид зафаќа површина од 1.027 метри квадратни каде што се засадени 23 различни растенија, кои  придонесуваат за добивање различна текстура, боја и волумен.

Ваквиот зелен простор во лобито овозможува растенијата да ги екстрахираат токсините од воздухот, придонесувајќи за поздрава животна средина. слика-4 слика-5

Испрати коментар

Scroll To Top