Насловна / Арт и дизајн / Изложба „За неа“ во Националната галерија на Македонија

Изложба „За неа“ во Националната галерија на Македонија

Во четврток, 7 март во Националната галерија на Македонија, ќе биде поставена изложба по повод 8 март – Меѓународниот ден на жената.  Поставката ќе може да се погледне до крајот на овој месец.

179. Личеноски Лазар, Везилка 1946, бетон камен, 73х54

На изложбата ќе бидат претставени дела на уметниците низ чија призма на гледање е претставена жената во сета своја убавина како мајка, идеал, борец, инспирација, љубовница, посакување.

Во колекцијата се застапени дела на македонските автори (Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Димо Тодоровски, Борко Лазески, Петар Мазев…), но и помладата генерација (Рубенс Корубин, Ацо Станкоски, Тодорче Атанасов и др.) како и дела од автори од бившите југословенски простори (Влахо Буковац, Тома Росандиќ, Иван Мештровиќ…), каде девојката, жената, мајката се инспирација во нивното творештво.

992. Вангел Наумовски, Невеста на летото, 1984, литографија, 60х50 46х38, хартија

Изложбата е проект од програмата на Националната галерија на Македонија за 2019 година, поддржана од Министерството за култура, ќе бидат изложени околу 70 експонати, ќе ја отвори Ана Мартиноска, професорка по културолошки студии на Институтот за македонска литература, а куратор ќе биде Горанчо Ѓоргиевски.

1666. Ѓорѓиевски Вaнчо, Композицијa III 1975, масло на платно, 105х88

Испрати коментар

Scroll To Top