Насловна / Вести / Најодржлив електричен автомобил? За производство на електричниот Фолксваген се користи само „чиста“ енергија

Најодржлив електричен автомобил? За производство на електричниот Фолксваген се користи само „чиста“ енергија

Германскиот производител на автомобили Фолксваген, најави дека првиот електричен автомобил кој оваа компанија ќе го исфрли на пазарот е потполно јаглеродно неутрален. Процесот на снабдување со потребните делови и материјали, производството и инфраструктурата за полнење на моделот ID, ќе бидат  целост одржливи. Автомобилот и батериите ќе се произведуваат во фабриката во Цвикау во германската сојузна држава саксонија која се снабдува исклучиво со енергија од обновливи извори. Овој план е дел од пошироката стратегија за декарбонизација на производните погони на овој автомобилски гигант.

Моделот ID треба да се појави на пазарот во почетокот на 2020, а до 2023 година компанијата планира да вложи дури 9 милијарди евра во електромобилноста. Целта е до 2025 година во своето портфолио да има дури 20 електрични модели.

WVID1

WVID2

WVID4

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top